Македонија
1. October 2018 - 11:41

Се чисти Црниот канал во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода започна со  чистење на Црниот Канал. Од утрово се работи на расчистување на наталожената тиња, нараснататата вегетација, како и на расфрланиот отпад.

До крајот на седмицава, со механизација ќе се чисти од улицата „Малешевска” па се до пречистителната станица во Студеничани.

Од Општина Кисела Вода информираат дека и Црниот Канал и коритото на Мала Рада, темелно биле исчистени во мај, поради што, апелираат за совесно однесување на жителите на овој дел од градот.

- Фрлањето отпад во одводните канали, им прави штета, пред се’, ним, на жителите на Општината и го намалува квалитетот на нивното секојдневно живеење, наведуваат во соопштението од Општината.