Се чистат тротоарите на градските улици и булевари во Скопје
Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на расчистување на снегот од тротоарите на градските улици и булевари, а ЈП „Комунална хигиена“ со 80 работници го расчистува снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини, информира Град Скопје.
Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се расчистува Старата Чаршија, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, „Око“, „Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ користат четири мотокултиватори, четири трактори, едно специјално возило „хијета“, едно специјално возило „пјаџо“, едно специјално возило „аванти“, како и две патарки за расфрлање на сол. Во чистењето на тротоарите и јавните површини активни се и екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, каде изминатиов период од ова претпријатие се ангажирани 90 работници и механизација.
Од Град Скопје препорачуваат возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и апелираат граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
Ново на Сител
-
МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба
-
На 14 до 25 години се загинатите во пожарот во Кочани
-
Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји
-
Во моментов нема потреба од вонредно дарување на крв
-
Приведен сопственикот на дискотеката во Кочани, лиценцата на дискотеката била до 24 март
-
Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност
-
Земјотрес од 3.6 степени со епицентар во Валадово, почувствуван и во Струмица и околината
-
Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи