Се бараат казни за петмина велешани кои не го почитувале полицискиот час
Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес денеска поднесе предлози за издавање на казнени налози за 5 лица кои за време на продолжениот викенд по повод Велигденските празници го прекршиле полицискиот час.
Обвинетите не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на територијата на државата, а со цел спречување и сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот.
„Сите обвинети во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството му предложи на Судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност,“ се вели во известувањето од обвинителството.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит