Македонија
10. јуни 2024 - 21:17

Се бара прекин на наставата поради топлотниот бран

За прв пат оваа година 10 јуни не го означи крајот на учебната година за основците. Поради пролетниот распуст но и слободните денови за изборите, ги немаа обработено задолжителните 180 дена во законот за основно образование, па сега ќе учат до 17 јуни.

Пеколни температури, училници без клима уреди и по 40 ученици во едно одделение, е сликата во основните училишта.

Родители и наставници во групи на социјалните мрежи бараат или нивните деца да имаат скратени часови или да заврши учебната година во основните училишта, поради немање услови да се одржува наставата.

Во анкета на социјалните мрежи, мнозинството било да заврши годината како и досега на 10 јуни.

*Mene ne mi e jasno zasto samo osnovcite prodolzuvaat da ucat, koga proleten raspust koristea i srednoskolcite. Strasno i greota na ovie temperaturi da odat , osobeno epten maline

*Три работни дена дадоа за пролетниот распуст, 5 враќаме.Уште и 2 сакаа да додадат заради изборите.Тоа за жал само во осмолетките им успева и тука туркаат небулози.Така ќе биде сЕ додека сЕ прифаќаме.

*И онака немаат веќе интерес за школо

Се дел од коментарите на фејсбук од изревоилтираните родители.

Наставничката Светлана Димитриевска за Сител вели, дека од МОН следната година треба да ги земат предвид временските услови и дека е нехумано на овие температури да се одржува настава и за учениците и за наставниците.

Оваа година велат свесни се дека не може да се прекине наставата предвреме поради тоа што мора да се одработат законски часовите, но барем учениците да учат со скратени часови.

Законот за основно образование ги обврзува основните училишта да ги одработат 180 дена годишно, што не е случај за средните училишта.

Од МОН велат дека учебната година за основците трае до 17 јуни и не е предвидено скратување на наставните денови. Раководствата на училиштата се задолжени за непречено одвивање на наставниот процес, стои во одговорот на министерството.