Се бара оставка од министерот за здравство на Бугарија
Бугарската социјалистичка партија објави дека министерот за здравство во привремената влада, Стојчо Кацаров, не се снаоѓа добро на функцијата и мора да поднесе оставка.
Според Корнелија Нинова, јави дописникот на МИА од Софија, вакцинацијата е доброволен чин и секој што сака може да го стори тоа. Вакцината ќе помогне да се ограничи ширењето на болеста и да спаси животи. Во исто време, според Нинова, не треба да се ограничуваат уставните права на граѓаните на Бугарија. Воведувањето на техничката влада во Бугарија на „зелениот сертификат“ на овој непромислен начин е неприфатливо и не функционира, се вели во ставот на Извршното биро на БСП.
Раководството на партијата смета дека овие мерки се применуваат во европските земји, каде што висок процент од населението е вакцинирано, но не се применливи за Бугарија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници