СДСМ: Законите важат за сите подеднакво, Мицкоски е поразен и од правдата и од граѓаните
Правдата е тука, иста за сите, законите важат за сите подеднакво, времето на привилегирани пред законот, времето на партизирани пресуди и обвиненија по нарачка заврши.
Правосудниот систем, како независна власт , ги има сите услови да води истраги и процеси без влијанија, без притисоци, да спроведува обвинителска и судска постапка во која најважни се доказите и законите, за секого подеднакво.
Пресудата против обвинетите во предметот „Таргет-Тврдина“ покажа дека судството е ослободено.
Со неа, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани од страна на Сашо Мијалков и ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што мислеле и делувале поинаку од ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено оваа пресуда е пораз на извршителот на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски, кој не успеа да го спаси криминалот на ВМРО ДПМНЕ
Мицкоски останува осамен на браникот на криминалот, поразен од правдата, поразен од граѓаните.
Да се создадат услови за чист пат за правдата не беше лесно, но сега правдата е тука, очекуваме и сите други случаи и предмети, коишто се покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства, да добијат разрешница и одговорните да бидат соодветно казнети.
Во Република Македонија се случува правда и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?