СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за кандидатите на СДСМ, во страв од изборен пораз
Повторно ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести.
Во недостиг на идеи и страв од изборен пораз неуспешно се обидуваат да ги манипулираат граѓаните.
Златко Марин во 2009 година имал сообраќајна незгода, но фактите се сосема поинакви од лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот е завршен со судска пресуда во којашто стои дека и двата учесници во настанот се виновни за сообраќајната незгода. Согласно судската одлука двете лица кои учествувале во прекршокот имале иста одговорност и уредно си ја платиле казната до 26.000 денари. Златко Марин не е осуден за ништо и за тоа има поднесено соодветна потврда.
За разлика од овој законски и одговорен пристап, соработниците на Никола Груевски, Ален Зекиров и Дејан Митревски - Урко убиваа луѓе со мотори и не одговараа.
Помина времето на беззаконие во кое се дивееше по улиците и се газеа луѓе, а никој не одговараше. Доаѓа одговорна власт која ги почитува законите и тие важат за сите подеднакво.
Центар за комуникации, СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален