СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да не влегува во собраниска сала секогаш кога на дневен ред закони во интерес на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ се изгуби во својата влези-излези партиска математика, пратениците од опозициската партија избегаа кога сфатија дека ќе направат кворум за закони за кои биле против.
Познато е и многу пати докажано дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бегаат од собраниската сала секогаш кога треба да се гласаат закони кои се од интерес на граѓаните.
Со месеци го кочеа донесувањето на мерките за поддршка на компаниите и на граѓаните погодени од коронакризата, сакаа да блокираат милијарди денари да не стигнат кај народот.
Не учествуваа на 32-та седница кога се носеше Национална стратегија за антикорупција и кога се носеа закони за вакцините и за животна средина.
Меѓутоа денеска изгубени во нивните партиски математики, не сфатија дека влегле во сала за гласањето на законот со кој се усогласува праведноста на даноците за сопствениците кои имаат повеќе станови кои не ги користат, кои имаат и втор и трет стан, базени и земјишта како нивниот ментор Груевски, па им текна отпосле, па повторно избегаа од собраниската сала.
Имено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ влегуваат во Собранието кога треба да си го евидентираат присуството, за да земат плата и дневници, а излегуваат кога треба да се донесат законски решенија во интерес на граѓаните и на државата, како што беа Законот за данок на имот и усогласувањето на Законот за прекршоци кои беа на дневен ред денеска.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека не знае кај тера, го покажа своето деструктивно и ненародно лице, поради што шест пати за четири години губи на избори.
Ново на Сител
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури