Македонија
21. February 2020 - 9:39

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја одведе државата и својата партија во долгови, а бара мандат од граѓаните да управува со народните пари

ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија, која 11 години ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните.

За време на режимот на Никола Груевски, шефот на Мицкоски, бруто надворешниот долг на државава се зголеми за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди евра во 2006 година на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017 година.

Во истиот тој период, додека граѓаните осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен бел дворец, симбол на нивниот криминал и корупција, а сега опозициската партија има долг од 8 милиони евра.

Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?! Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти?

Затоа граѓаните на 12 април нема да дозволат нечесни и недомаќини кои не можат да ја менаџираат сопствената партија повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата.

На 12 април граѓаните ќе порачаат: режим никогаш повеќе!