Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија.
Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија и на регионот „не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина“. Време е, вели Мицкоски, реформите и трудот на македонските граѓани да бидат соодветно вреднувани.
– Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ" каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ. Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани, стои во објавата.
Мицкоски, вчера, на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, како и со холандскиот премиер, Дик Схоф, претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс Џаред Коен и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.
МИА
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
