СДСМ: Веруваме дека враќањетo на Црвенковски нема да се случи
Изминативе денови во јавноста беше пласирана информацијата дека поранешниот премер и претседател на Македонија и лидер на СДСМ, Бранко Црвенкосвки по долгогодишна пауза ќе се врати на политичката сцена и ќе формира своја партија.
Сето ова, наводно, се случува поради незадоволство во самата партија,папоранешниот прв човек на партијата има воплан да ги собере наедно место незадоволните членови.
Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за „Локално“ велат дека веруват дека тоа нема да се случи, односно веруваат дека овие шпекулации не се точни.
- Вистинската адреса за одговор на ова прашање е поранешниот претседател Бранко Црвенковски или пак изворите од коишто се пласирани овие информации, велат од партијата на власт.
Оттаму сепак додаваат дека „веруваат тоа нема да се случи“ и дека ова не се точни информации.
Посочуваат дека Социјалдемократскиот сојуз е „единствен“ и дека токму нивната партија ќе биде фаворитот на претстојните локални избори.
- СДСМ се разликува од многу други партии по тоа што има разноликост на ставови и размислувања, и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање. Како партија со најголема доверба од граѓаните, после шест изборни победи, врз основа на резултатот од сработеното на локално и централно ниво и политиките кои носат напредок и подобрување на животот на граѓаните, СДСМ е фаворит на локалните избори, велат од партијата за „Локално“.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
