Македонија
3. March 2023 - 9:04

СДСМ: СДСМ е со граѓаните

Институциите предводени од СДСМ преземаат сѐ за да се заштитат граѓаните и нивниот стандард, во време на глобална економска криза.

Замрзнатата цена на лебот од 33 денари е обврска за производителите и трговците.

Контролите на надлежните институции продолжуваат низ сите градови во државата.

Одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на најмногу 33 денари е оправдана, фер и во интерес на граѓаните.

Освен тоа, оваа цена носи и профит за производителите, имајќи ја предвид помошта од државата во вид на драстично намалена цена на електричната енергија за пекарниците што досега ја добиваа, како и  цените на природен гас, на нафта, пченица и брашно.

СДСМ е со граѓаните и нема да дозволи некој да профитира на грбот на граѓаните и да го осиромашува народот.

 

Центар за комуникации на СДСМ