СДСМ: Промашените економски политики на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа невработеност кај младите
СДСМ во денешното соопштение оценува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски продолжува да ги лаже и манипулира своите членови, а посебно младите луѓе.
Осврнувајќи се на вчерашниот говор на Груевски на годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ наведува дека економските политики на Груевски ја предизвикале најголемата младинска невработеност во Македонија.
- Промашените економски политики на Груевски ја предизвикаа најголемата младинска невработеност во Македонија, која според Светска банка изнесува околу 53 проценти, оставија 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштија и иселија 626.312 граѓани надвор од државата од кои претежно млади образовани луѓе, се вели во соопштението.
СДСМ посочува дека новата Влада активно работи на поправање на штетите кои, како што се вели, Никола Груевски и ги направи на Македонија.
- Преку Младинската гаранција, предвидена за реализација со новиот ребаланс на буџетот, новата влада со буџетски пари ќе интервенира кај фирмите, со што ќе ги отвори перспективите за достоинствен живот на младите луѓе во Македонија, преку вистински шанси за доедукација, вработување, пракса или тренинг по завршувањето на образованието, вели СДСМ.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи