СДСМ: Правдата се случува, заврши времето на недопирливите за законот
Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите и испорачува правда за сите подеднакво.
Пресудата за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ со години го практикувале, зададе силен удар на остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, кој се уште вирее во Белата палата.
Со неа, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани со години, само затоа што мислеле и делувале поинаку од ВМРО-ДПМНЕ.
Пресудата е уште еден пораз за Мицкоски, кој повторно не успеа да го одбрани криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа беше неговата единствена улога, за која што беше поставен токму од Груевски и Мијалков на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
Пресудата против обвинетите во предметот „Тврдина-Таргет“ е потврда дека времето на партизираното судство, времето кога некои беа над законите е завршено.
Граѓаните очекуваат и сите други случаи и предмети, покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат разрешница, а одговорните да бидат соодветно казнети.
Во Република Македонија се случува правда, законите важат за сите подеднакво.
Патот на правдата и владеење на правото е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“