СДСМ: Постојат сериозни индиции дека ВМРО-ДПМНЕ со црни пари од странство корумпира медиуми за да работат против НАТО и ЕУ
ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги погледне фактите кои отвораат сомнеж дека партијата на Христијан Мицковски со црни пари од Унгарија корумпира медиуми за да шират лажна пропаганда против државата.
Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки медиуми дека извршителот на Никола Груевски, Мицкоски, со црни пари финансира партиски мегафони со це да шират антидржавна медиумска кампања – кампања против членството на Република Македонија во НАТО.
Факт е дека постои новинарско истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.
Факт е дека тоа се истите медиуми коишто режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт.
Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во којашто осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести.
Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.
СДСМ уште еднаш ги повикува институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво.
Како одговорна и демократска партија, СДСМ останува посветен на унапредување на слободата наговорот и слободата на медиумите, но,истовремено и на борбата против лажните вести, како и сомнителното финансирање на медиуми.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок