СДСМ: Пицула, Фајон и Флекенштајн, Вие сте сонце во регионот, ја имате нашата целосна поддршка
Лесно е да се заложиме за вас кога сте позитивен пример, рекоа европратениците Тања Фајон и Тонино Пицула на средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шеќеринска, којашто се одржува во рамките на Регионалната Конференција “Еден Балкан кон ЕУ”, во Скопје.
Двајцата европратеници сметаат дека Република Северна Македонија е сонце во регионот и веруваат дека новата Методологија е позитивна за земјата.
Во рамките на Регионалната Конференција “Еден Балкан кон ЕУ” претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шеќеринска одржаа средба и со Кнут Флекенштајн од Партијата на европски социјалисти, кој рече дека за почит е работата на Владата предводена од СДСМ што покрај решавањето на отворените прашања со соседите, интензивно работи на реформи кои се во интерес на граѓаните, спомнувајќи ги мерките за раст на минималната плата, социјалните мерки и сериозните чекори коишто се преземени за стабилна економија.
Заев и Шеќеринска изразија благодарност за постојаната поддршка на Република Северна Македонија, како и за поддршката на СДСМ
Ново на Сител
-
Утринава нови дојави за бомби во училиштата во БиХ
-
РТС: Експлозија во фабриката Слобода во Чачак, има повредени
-
АХВ: Вонредни контроли во Куманово, уништени 100 килограми небезбедно месо
-
Џабе пребарувате сигурно е киднапирана можеби и убиена, велел цело време таткото на Вања
-
Вања на интернет комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС
-
Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица погинаа, а 25 се повредени
-
Без една рака со стап пробува да го бутне дронот, последниот момент од животот на Синвар | ВИДЕО
-
Силен земјотрес ноќеска ја погоди Грција