СДСМ: Пензиите се покачени, просечната пензија порасна за 826 денари, пензионерите го поддржуваат концептот „Заедно напред“
-Јас како пензионер сакам да кажам дека од 2018 година, мојата пензија е покачена за 1600 денари. Сега, последниов месец е покачена за 570 денари. Не е точно тоа што се кажува од страна на опозицијата дека пензиите се намалени. Голема лага од претходната власт е дека од 2007 година до 2016 година пензиите биле покачени за 80 отсто, порача еден од присутните граѓани, пензионери на вчерашната трибина во Штип на која обраќање имаа претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
Ова е уште една потврда, дека економските мерки и реформи кои ги спроведе владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Затоа е важно напредокот да продолжи, затоа пензионерите го поддржуваат концептот заедно напред.
Просечните пензии пораснаа за 826 денари. Па така , ако претходно просечната пензија била 13 754 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ, таа со 6 процентното зголемување достигна износ од 14.580 денари.
Трендот на раст на пензиите ќе продолжи и понатаму со усогласувањата врзани со растот на платите и растот на животните трошоци.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот