СДСМ: Очигледен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од неуспех од предвремени брзи избори
Очигледен е стравот од неуспех кај ВМРО-ДПМНЕ од предвремени брзи избори, но очигледна е и поддршката на граѓаните кон СДСМ за заложбите кои ги прави.
Најцрните страници од македонската историја се напишани токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Нивното 11 годишно владеење, остави огромни последици и врз државата и врз граѓаните.
Изолирана држава скарана со соседите ,економија во пад, осиромашување на граѓаните, а друга страна грабање од граѓаните и лично богатење .
Тоа е сликата која ја остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе.
За само две години СДСМ преку политиките кои ги води, реши повеќедецениски спор, гради пријателски односи со сите соседи, економијата не само што ја стабилизира туку и таа денес е во раст, со бројни мерки го подигна животниот стандард и го врати достоинството на граѓаните.
Граѓаните ги препознаа заложбите на СДСМ, затоа и тогаш и дадоа силна поддршка и тоа ќе го направат повторно.
Очигледен е стравот кај ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е колку се уплашени од предвремени брзи избори.
Втор ден не смеат да гукнат за брзи избори. Но, едно е јасно нема враќање на блокадите и деструкцијата на штета на државата и граѓаните.
Нашата држава тргна напред и ќе продолжи кон патот на евроинтеграцијата , затоа што тоа е местото кое го заслужува. Тоа е иднината која и претстои.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење