-->
-->
СДСМ: Нервозниот Мицкоски да си даде оставка
-->
Христијан Мицкоски продолжува да ја партизира работата на општините и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наместо да се извини пред граѓаните и да си поднесе оставка по признанијата на неговите сопартијци во предметот „Титаник“ за сите сторени изборни нерегуларности.
Мицкоски со ништо не може да го оправда неработењето на неговите градоначалници кои во првите 100 дена не сработеа ништо, освен што ги партизираа општините.
И градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојковски е еден од оние кои бараат алиби за неработењето, кој се жали дека општината нема пари а во сред криза истиот тој Стојковски потроши над шест илјади евра народни пари за чоколади и сокови.
Нервозен е Мицкоски затоа што знае дека граѓаните ја гледаат неспособноста на неговите градоначалници.
Таканаречениот отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е полн со лаги, а тоа вчера го потврди и Тимчо Муцунски кој призна дека ја лажеле јавноста дека за само 100 дена изградиле 33 градинки.
Наместо конкретни решенија и проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат да ја замајуваат јавноста со измислици и конструкции, продолжуваат да работат на штета на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пластични хирурзи апелираат за мелемите за изгореници кои се нудат на социјалните мрежи – не знаеме дали се стерилни!
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик Ток доби кривична пријава
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО