СДСМ најавува кривична пријава за директорот на АНБ Бојан Христовски

МВР и Панче Тошковски молчат за скандалот со сертификатот на назначениот партиски директор на Агенцијата за национална безбедност со што директно се ставаат во негова заштита.
Очигледно МВР и Тошковски имаат селективен пристап и двојни стандарди кога функционерите на власта се во прашање.
Како поинаку може да се толкува тоа што МВР во април оваа година поднела кривична пријава против 44 годишна жителка на Велес поради „употреба на исправа со невистинита содржина“ односно TOEFL сертификат за познавање англиски јазик од Пловдив Бугарија.
А молчи и не презема ништо за директорот на АНБ, Бојан Христовски кој исто така има сертификат за TOEFL од истото место, Пловдив Бугарија, иако во Пловдив воопшто нема испитен центар за TOEFL?
МВР и Тошковски по овој пример од Велес треба да поднесат кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик.
Доколку тоа не го направат Тошковски и МВР, СДСМ ќе поднесе Кривична пријава против Христовски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
