СДСМ: Над 320.000 пензионери веќе од јануари добиваат повисоки пензии за 700 денари
СДСМ преку конкретни и вистински мерки го унапредува животот на сите категории граѓани.
Усвоени се законските измени со кои веќе од јануарската пензија над 320.000 пензионери добиваат пенизја повисока за 700 денари, што е најголемо зголемување на пензиите во последните години.
Покрај покачувањето од 700 денари, со законското усогласување на пензиите, пензиите ќе пораснат помеѓу 160 и 200 денари, што значи дека секој пензионер ќе има повисока пензија за околу 900 денари.
Со новото покачување, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари или од доаѓањето на СДСМ на власт до почетокот на идната година, просечната пензија ќе порасне за вкупно 1.746 денари.
Наспроти ад-хок покачувањата надвор од закон што со години ги правеше ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку одговорни и чесни политики согласно закон покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.
Концептот парите назад кај граѓаните дава вистински резултати.
На прав пат сме и на тој пат продолжуваме и победата на 12 април.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување