СДСМ: Милошоски да си даде оставка, тој е најмалку повикан да зборува за националните интереси
По признанието на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ за сторените изборни нерегуларности, пратениците од оваа партија кои беа дел од режимот, мора да поднесат оставки.
Еден од нив е и Антонијо Милошоски, осудено лице во Германија, близок соработник на Груевски, обвинет во случајот Моќник, главен предводник на политички мотивираната лустрација и докажан извор на лажни вести.
Наместо да глуми загрижен патриот, Милошоски да се повлече од позицијата пратеник, затоа што не е достоен да ја врши оваа функција.
Милошоски, човекот кој го нарекуваше Блаже Конески „џуџето од Небгрегово“ кој нарачуваше лустрација на Славко Јаневски е најмалку повикан да зборува за македонските национални интереси.
Декларацијата е политичко подметнување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ.
Делото на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев и неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност не заслужува ваков потценувачки однос.
Гоце Делчев не заслужил да биде сведен на политичка декларација и тоа поднесена од партија која ги слави историските личности кои бил против Делчев, против неговите дела и вредности.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
