СДСМ: Мицкоски може веднаш да си даде оставка, референдумот е за лична употреба
Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата.
Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето му е само за внатрепартиска и лична употреба.
Барањата за референдум, против македонскиот јазик на Мицкоски уследија откако му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, со крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт.
Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси, не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ