-->
-->
СДСМ: Мицкоски да поднесе оставка, јавноста виде дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се исто
-->
После сите лаги за наводно ново парламентарно мнозинство, Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да си даде оставка.
Заради желбата за власт Мицкоски седна на иста маса со политичари кои се анти НАТО и анти ЕУ, со политичари кои се против Договорот од Преспа, против Охридскиот рамковен договор, против концептот едно општество за сите.
Заради пуста желба за власт, Мицкоски ги погази сите негови претходни ставои, уште еднаш се потврди дека тој нема став, дека е обичен калкулант желен за власт.
Неуспешниот обид за создавање ново парламентарно мнозинство, покажа и дека Димитар Апасиев не е ништо друго освен обичен потрчко на Мицкоски.
Стана јасно дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ, дека Мицкоски и Апасиев се едно исто.
Се што Мицкоски кажа - излажа. Дури и парламентарното мнозинство го кроеше преку лаги и измами кон луѓето со кои седеше на иста маса.
Затоа оставка.
Мицкоски кончено треба да покаже грам одговорност и да си даде оставка.
Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари кои немаат став, кои едно зборуваат а друго прават.
Мицкоски мора да им се извини на граѓаните за сите лаги со кои ја замајуваше јавноста, а потоа да преземе одговорност и да се повлече од политиката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ем земале социјална помош ем воделе луксузен живот, брачен пар од Штип организирал интернет коцкање
-
Криминална организација во Грција преку телефонски измами се стекнала со речиси три милиони евра
-
Пронајдени пушки и муниција во Десово
-
22-годишна девојка прегазена вчера во Скопје
-
Во делови од Сеул паднаа над 40 сантиметри снег, откажани повеќе од 140 летови
-
Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ од 2,9 милијарди евра
-
Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева
-
Нова блокада на судот и обвинителството во Нови Сад