СДСМ: Македонија не се брише, ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во процесите ЗА членство во ЕУ и НАТО
Време е ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себе си и наместо да шири невистини да се вклучи во процесите ЗА членство на Македонија во ЕУ и НАТО со зајакнат и заштитен македонски идентитет.
Иднината на Македонија и нејзините граѓани се над сите политички партии. Влезот во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет е многу поголемо прашање од дневно политичките полемики.
Не е точно дека со постигнатиот Договор со Грција се загрозуваат македонскиот идентитет и македонската посебност. Не е точно ниту дека се бришат поимите Македонија и македонски. Напротив, со Договорот термините Македонец, македонската, македонски се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува.
Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува територијата, јазикот, народот, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.
Тоа е вистината. Во име на вистината и во име на иднината, потребно сите политички субјекти вклучително и ВМРО-ДПМНЕ де се приклучат на процесот што ја обезбедува македонската иднина, да го повикаат своето членство масовно да излезе на референдумот ЗА влез во ЕУ и НАТО.
ЗА европска Македонија!
Ново на Сител
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар