Македонија
12. јуни 2021 - 14:19

СДСМ: Лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за цената на горивата

ВМРО-ДПМНЕ партијата за чие владеење државата се гушеше во загаденост, да молчи за екологија и цени на горивата

Владата предводена од СДСМ, институциите преземаа сериозни чекори за заштита на животната средина.

Реални резултати покажуваат сериозно намалување на загаденоста на воздухот и животната средина во изминатите години.

Лажна е и загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за цената на горивата.  Граѓаните паметат дека во 2012 година горивата достигнаа највисока цена, а граѓаните за литар Еуросупер 95 плаќаа 89 денари, за Еуросупер  98- 90,5 денари, а дизелот чинеше 73,5 денари.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски со ништо не придонесува за доброто на граѓаните. Напротив, се што прави се блокади деструкции и лажни вести.

Затоа можат да очекуваат нов пораз од граѓаните на претстојните локални избори.

 

СДСМ, Центар за комуникации со јавноста