СДСМ кон крајот на следната недела ќе излезе со името на техничкиот премиер
Кон крајот на следната недела ќе биде познато името на техничкиот премиер, откако следниот петок ќе заседава Централниот одбор на партијата, а претходно ќе се состане и Извршниот одбор.
Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по неформалната средба со пензионерите, на која присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче.
-Од тактички причини одлуката ја одложивме за крајот на следната недела. Ќе не разберете затоа што овде се прави договор меѓу власта и опозицијата. Ние не би сакале да истрчуваме со какви било мерки. Имаме доволно време да размислиме. Се работи за избор на премиер за 100 дена од 3 јануари се до изборите и до формирањето на идната влада. Се работи за дополнителни двајца заменици министри со право на вето во МВР и во Министерството за труд и социјална политика, но и за пополнувањето на испразнетото место потпретседател за економски прашања. Економијата е многу важна сакаме цел тој кабинет да биде пополнет со соодветна личност, истакна премиерот.
Како можни технички премиери медиумите ги споменуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката Царовска, а таа денеска на прашањето дали е подготвена да ја води владата како технички премиер рече дека не станува збор за тоа дали некој е подготвен.
-Дискусиите се водат таму каде што треба да се водат и кога ќе се донесе одлуката јавноста ќе биде запознаена, кусо одговори Царовска.
Ново на Сител
-
Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана
-
Ѓуриќ за „Катимерини“: На крајот на 2026 година Србија ќе биде подготвена за членство во ЕУ
-
Украина: 1100 ракети беа истрелани врз нашата енергетска инфраструктура оваа година
-
Царината запленила 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен | ФОТО
-
Нова акција на МВР во Арачиново, пронајдено големо количество оружје
-
5 клучни работи кои треба да ги проверите, пред да изберете мајстор!
-
Политико: Третата светска војна веќе е во тек - во Украина
-
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел