Царината запленила 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен | ФОТО
Секторот за контрола и истраги при Царинска управа во спроведената поголема акција во Битола и Ресен запленила 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари.
Како што денеска соопштија од Царинската управа, во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари.
-Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава. Во предистражната постапка од овие дела е утврдена директна штета врз Буџетот во висина од 2,8 милиони денари, се наведува во соопштението.
Од Царина појаснуваат дека на 13.12.2024 година по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Ресен, инспектори од Секторот за контрола и истраги извршиле претрес на помошни простории што се користеле како дуќан од страна на лицето С.Т. од Ресен.
При извршениот претрес биле пронајдени околу 259 килограми режан тутун. Извршени биле и контроли на градскиот пазар при што од лицето Р.Н. од Ресен одземени се 100 килограми режан тутун.
Истиот ден по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од Основен суд во Битола бил извршен и претрес на помошни простории што се користеле како гаражи од страна на лицето Ѓ. К. при што биле пронајдени околу 283 килограми режан тутун.
Дополнително при контроли на градскиот пазар во Битола, од истото лице се одземени уште 88 килограми режан тутун, како и дополнителни 49 килограми режан тутун од лицето Т.Н.
Ново на Сител
-
Нова акција на МВР во Арачиново, пронајдено големо количество оружје
-
5 клучни работи кои треба да ги проверите, пред да изберете мајстор!
-
Политико: Третата светска војна веќе е во тек - во Украина
-
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-
Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов
-
Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј
-
Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се сретнат на разговори во Брисел
-
Без струја делови од Карпош и неколку приградски населби