СДСМ: Избори на 12 април, за нов пораз на режимот, на извршителот Мицкоски и на неговиот шеф од Будимпешта
Парламентарни избори на 12 април ќе има а тогаш ќе има и нов пораз на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, нов пораз на извршителот Христијан Мицкоски и неговиот шеф од Будимпешта Никола Груевски.
Мицкоски од белиот дворец на граѓаните им нуди враќање назад, дејствување против Устав, против добрососедските односи, дејствување против интересите на граѓаните и на државата
Понудата на Мицкоски е сведена на блокади, деструкции и обиди за обнова на режимот, кој ја држеше земјата во изолација, скарана со соседите, заглавена во криминал и корупција, со сваровски судство и услови за богатење на поединци на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните тоа го гледаат и затоа на 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов убедлив пораз од граѓаните.
На претстојните избори граѓаните уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ раководено од Будимпешта.
На 12 април граѓаните ќе порачаат – режим никогаш повеќе!
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници