СДСМ: Инвестиции од 600 милиони евра за патна инфраструктура во првите две години
Инвестиции од 600 милиони евра во првите две години од мандатот на новата Влада за изградба на нови и реконструкција на веќе постоечките автопати, магистрални и регионални патишта, најави денеска СДСМ преку соопштение испратено до медиумите.
- Проектите на ВМРО-ДПМНЕ во патната инфраструктура се симбол за криминал, корупција и несовесно работење. Таков е примерот за автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево –Охрид за кои се отворени истраги во Специјалното јавно обвинителство, како и отвореното обвинение за проневера и перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, случај кој го истражуваше и Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ, се истакнува во соопштението.
СДСМ посочува дека завршило времето на, како што се вели, криминални тендери и потстапки, а новата реформска Влада посветено и отчетно ќе работи на спроведување на реформите коишто ќе донесат нови патишта, повисоки плати, нови работни места и правна држава. Од партијата порачуваат дека ќе има и одговорност за сите злоупотреби на парите на граѓаните.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија