Македонија
24. October 2024 - 16:59

СДСМ го одби предлогот на Мицкоски за стретегија 2050

Ќе се обединат ли власта и опозцијата околу заедичка национална платформа – Стратегија 2050 што треба да обезбеди, како што рече Мицкоски вчера опстанок на државата и заштита на националните интереси? 

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ со повик до СДСМ да излезе, како што велат  од теснопартиските интереси и да покаже конструктивност и чувство за одговорност кон државата. 

 „Македонија не смее да биде заложник на нечии теснопартиски интереси, ниту пак да биде монета за поткусурување на нечии политички кариери. Интересот на државата и на генерациите кои доаѓаат после нас мора да биде врвен приоритет. Тоа може да се оствари само со една сеопфатна стратегија, која ќе го трасира патот за развој на државата, каде граѓанинот и неговиот интерес ќе бидат јадрото “

Од СДСМ експресно одбија тврдејќи дека предлогот е празна реторика на Мицкоски. Потсетуваат дека во времето на нивната владата веќе била изработена државна стратегија за развој 2024 -2044 година која е во собраниска процедура, и дека ако се разговара за нешто, тоа треба да биде оваа стратегија. 

Мицкоски веќе повикуваше на обединување околу 10 точки и вредности, кои самиот не ги почитува. Сега повикува на обединување околу стратегија која веќе постои, и овој пристап го сметаме за крајно несериозен. СДСМ, од досегашните политики на Мицкоски, не може да препознае ниедна политика која е во интерес на граѓаните, околу која би можеле да се обединиме, коментираат од партијата на Филипче.

Мицкоски по повод 23 Октомври, вчера предложи МАНУ да изработи државна стратегија која ќе добие и општ политички консензус, а ќе се однесува на демографските предизвици, економските цели, развој во земјоделието, технологиите, транспортот, енергијата и животната средина, образованието и здравството. 

Документот што го нуди СДСМ пак, е стратешки документ кој доаѓа во парламентот на предлог на Министерствотот за живтона средина. Во него стои дека со стратегијата треба да се постигнат 6 цели, меѓу кои економијата, демографијата, владеењето на правото. Во стратегијата стои дека во нејзината изработка биле вклучени 14 илјади граѓани од 35 визионерски работилници, била земена пред вид и Националната развојна стратегија на МАНУ, а имало и полтички конзенсус за неа - учествувале 50 пратеници од сите партии.