Македонија
21. February 2024 - 12:35

СДСМ ги составува листите за пратеници, неизвесна коалицијата со ДУИ

И натаму е неизвесно дали СДСМ и ДУИ ќе коалицираат на претстојните избори.

Лидерот на СДСМ вели дека партијата веќе ги составува листите за пратеници.

Во тек се разговори со досегашните коалициски партнери, но Ковачевски не исклучува на листата да се најдат и кандидати на партии со кои досега немале предизборна коалција.