СДСМ: Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица
Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица, обвинителството да реагира, нема толеранција за закани со фашистички наратив.
На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици.
СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти.
Денес, Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет.
Правда доаѓа за сите.
Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз.
СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни.
Во демократска слободна европска држава како што е Македонија нема место за закани.
Смрт на фашизмот, слобода на народот!
Ново на Сител
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија
-
Курти со опозицискиот лидер Красниќи разговарал за одржување предвремени избори во Косово
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа