СДСМ: Доаѓа време на одговорност

Времето на криминал и расипништво заврши, доаѓа време на одговорност. Режимот замина во минатото, а со него заминаа и криминалните зделки преку кои ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски цели 11 години ги осиромашуваа граѓаните, наведува СДСМ во реакција на денешната прес-конференција на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.
Резултат на таквото криминално владеење, се додава во реакцијата, се 500.000 граѓани кои беа оставени да живеат под прагот на сиромаштија.
- Граѓаните имаа прилика да слушнат преку проектот „Вистината за Македонија“ како на нивна штета Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ договараат да земат милионски провизии за изградба на автопатишта, луксузни парцели на Водно, скапо платен мерцедес од 600.000 евра по вкус, желба и нарачка директно од Никола Груевски. Времето на расипништво и криминал заврши. Доаѓа време кога мора да има и ќе има одговорност за сите злоупотреби и направени криминали изминативе 11 години кои им нанесоа огромни штети на граѓаните на Македонија, наведува СДСМ во реакцијата.
Ново на Сител
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
