СДСМ: Членството во ЕУ и НАТО е врвен државен интерес, ВМРО ДПМНЕ да ги поддржи интеграциските процеси
Членството во ЕУ и НАТО е клучен стратешки приоритет на Република Македонија, се наведува во пишаната реакција на СДСМ на денешната прес-конференција на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од СДСМ, се вели во реакцијата, има за цел да ги отпочне преговорите за членство што е можно побрзо и посветено ќе работат на отворање на евро-атлантските перспективи преку отворен дијалог со опозицијата, стручната јавност и граѓанското општество.
- Неопходно е сите, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, да се однесуваат конструктивно, да дадат поддршка на интегративните политики и активно да работат за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, што е врвен државен и граѓански интерес, се вели во реакцијата на СДСМ.
СДСМ во реакцијата, наведува дека Македонија предолго е земја кандидат за членство во НАТО и ЕУ и крајно време е овој процес да се придвижи нанапред.
- ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години за да ги придвижи интеграциските процеси и да работи на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Но спротивно од тоа, ВМРО-ДПМНЕ со години работеше на изолација на Македонија и спротивно на државните и интересите на граѓаните, ги кочеше евро-атланстките интеграции, се вели во реакцијата на СДСМ.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда