Македонија
1. August 2019 - 16:32

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да се огради од коментарите на Груевски

Од владејачката СДСМ бараат ВМРО-ДПМНЕ и нејзниот лидер Христијан Мицкоски да се огради од коментарите на нивниот поранешен лидер Никола Груевски на Фејсбук профил. Велат дека ВМРО-ДПМНЕ е  симбол на деструкција, на неодговорно и антидржавно однесување и дека работат под диктат на Груевски

-И ден денес почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден бегалец Никола Груевски од Будимпешта се уште повикува на пресметки и на пресретнување во  темни улички. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не се оградуваат од криминалите на Груевски, туку работат по негови директиви. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на деструкција, лажни вести и очајнички обиди да се закочи напредокот. Се уште ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оградија од криминалите направени за нивното 11 годишно владеење. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште седат во белиот дворец кој е симбол на криминал, корупција и расипништво. ВМРО-ДПМНЕ беше и останува симбол на деструкција, на неодговорно и антидржавно однесување. изјави Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.