-->
-->
СДСМ: Антикорупциска да го истражи случајот со парцелите во Лисиче
-->
ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и скопските општини целосно ги изневери граѓаните.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат, нема развој, НУЛА реализирани проекти во Скопје.
Тоа се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт.
Наместо развој, паркови и проекти за подобрување на животот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ режира измени на ДУП за изградба на згради во реони со зеленило и куќи.
Последен пример е случајот со парцели и измени на ДУП во населбатаЛисиче, општина Аеродром.
Според информации кои се јавно објавени од повеќе медиуми, неколку парцели во Лисиче со површина од над 1.000 метри квадратни, биле купени како ниви, пред овој урабистички план да биде во процедура.
Дали купувачите знаеле дека токму таму ќе се градат згради и дали однапред знаеле дека маркиците за згради ќе бидат токму на тие парцели?
Ова отвора сериозни индиции и основани сомневања кои треба соодветни надлежни органи да ги расчистат.
Затоа, денеска ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи, да оформи предмет и целосно да го истражи овој случај.
СДСМ ќе остане со граѓаните, ќе се спротивставиме и ќе сториме се за ваквите штетни решенија дане се реализираат. На граѓаните им требаат нови паркови и зеленило а не сомнителна бетонизација.
Данела Арсовска, Тимчо Муцунски и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ донесоа само уназадување на општините со кои раководат. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје но и насекаде низ државата.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки