СБ на ОН поделен во однос на турската операција во Сирија
Совет за безбедност на ОН не успеа ноќеска да постигне обединета позиција за турската офанзива во североисточна Сирија. Европските членки бараат турската офанзива врз курдските сили поддржани од САД, да биде прекината, додека Русија се залага за „воздржаност” и „директен дијалог” на спротивставените страни
Пред состанокот, пет членки на СБ на ОН изразија желба сите 15 членки да ја поддржат изјавата предложена од САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано ги повлече сите американски трупи од североисточна Сирија, каде што трае конфликтот меѓу турските и курдските сили.
Според неименуван дипломатски извор, САД предложија СБ на ОН да усвои изјава во која се изразува „длабока загриженост”, истакнувајќи ја потребата да се заштитат цивилите и да се повика Анкара да бара дипломатски пристап наместо да се вклучува во воена акција, пренесува Танјуг.
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Набензија, изјави дека треба да се земат предвид и другите аспекти на сириската криза, а не само во турската воена операција, и дека треба да се повика на „итно прекинување на нелегалното воено присуство” во земјата .
Турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници завчера пристигнаа во северо-источна Сирија, населена главно со Курди, со што почна турската воена операција „Извор на мирот”, која наиде на осуда од поголемиот дел на меѓународната јавност.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон