Саркози на судењето негираше дека сторил нешто незаконско во претседателската кампања во 2012 година
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, за време на судењето за незаконско финансирање на неговата претседателска изборна кампања во 2012 година, изјави дека не сторил ништо нелегално.
Пркосниот Саркози вчера пред судот кажа дека не бил вклучен во логистиката на неговата кампања за вториот претседателски мандат, ниту во начинот на трошење на парите во изборната трка.
-Дали имав намера да направам измама, да направам нешто лошо? Дали бев негрижлив? Невнимателен? Мојот одговор на сето ова е наједноставен – „не “, изјави Саркози пред судот. „Од моментот кога ми кажаа дека работите се во ред, повеќе немав причина да размислувам за тоа“, додаде тој.
Саркози (66) на судиите им кажа дека е одговорен за политичката насока на неговата кампања, но не и за организирањето митинзи, подготовка на материјали за кампања и плаќањето сметки.
Обвинителите тврдат дека Конзервативната партија на Саркози на екстравагантни предизборни митинзи потрошила речиси двојно повеќе од дозволените 22,5 милиони евра со изборниот закон и потоа ангажирале пријателска агенција за односи со јавноста за да ги сокријат трошоците.
Обвинителите во обвинението признаа дека нивната истрага не успеала да докаже дека Саркози бил организиран или дека учествувал во шемата, но тврдат дека имал корист и дека сигурно бил свесен за тоа.
Ново на Сител
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година