-->
-->
Санкционирани 378 возачи за брзо возење на територија на цела држава
-->
Во текот на вчерашниот ден (14.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 378 возачи. Од нив, 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата
-
Преглед на вести од светот