-->
-->
Санкционирани 243 возачи во Скопје, 83 за брзо возење
-->
При засилени акциски контроли на полицијата во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 19 за возење под дејство на алкохол, седум прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи
– Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 57 санкции за непрописно паркирање, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор