Македонија
25. December 2021 - 13:32

Санкционирани 175 возачи за управување со возило под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи вчера во периодот од 22 до 03 часот на територијата на Република Северна Македонија, санкционира 175 возачи за возење под дејство на алкохол.

Според информациите од Министерството од нив, 48 се на територијата на СВР Скопје, 35 на територијата на СВР Битола, по 17 на територија на СВР Охрид и СВР Струмица, 15 на територија на СВР Штип.