-->
-->
Санкционирани 151 возач во Скопје, 18 за брзо возење
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопшти МВР.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се осум мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија
-
Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година
-
Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен
-
НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета
-
Трамп најави нови царини за Кина, Канада и Мексико
-
Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија