Свет
27. February 2016 - 8:43

Самоубиствен напад во Авганистан, најмалку десет загинати

Најмалку десет лица загинаа, а 40 се повредени во самоубиствен напад во близина на пазар во источната авганистанска провинција Кунар, соопштија локални претставници.

- Бомбаш самоубиец возел мотор и потоа се разнел на пазар во Асадабад, главниот град на провинцијата, при што десет лица загинаа, а над 40 се ранети, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Кунар.