Македонија
21. February 2019 - 19:32

Само изградба на нова депонија може да го реши проблемот со Мегленци

Да се вработат уште чувари на депонијата Мегленци за да се спречат надворешните влегувања, побараа опозициските советници кои велат дека треба да се зголемат мерките за безбедност и депонијата да биде заштотена. Позната е сликата на свињи кои јадат од депонијата, а изминатиот период имаше и нејзино палење.

-Зачадување на воздухот, гасови кои многу штетно делуваат врз здравјето на луѓето, а индиректно, сите тие штетни материи се таложат на површината на земјата и ние преку храната ги внесуваме,  рече Олга Лозановска, советник од ВМРО ДПМНЕ.

-Да има нови вработувања на т.н. чувари или пак да се направи нов систем на мониторинг за 24 часа за да се обезбеди да нема надворешни влегувања во депонијата, изјави Габриела Илевска, советник од ПОИНАКУ.

Директорот на Комуналец вели дека се работи за голема површина, а дополнителните вработување нема да имаат ефект.

-Колку и стражари да ставиме, нема многу да придонесеме за таа состојба. Не можеме 6 хектари да се одбрани со 10 стражари, ЈП Комуналец не етолку богато да има толку стражари. А за  мониторинг е добра идеја, но да видиме кои се ефектите од тој мониторинг. Ако има ефеклт во ред, но ако има ефект само да гледа на камера дека има присуство, и она анашиот стражар тоа го забележува, а ние постапуваме. Тоа никој не може да го исконтролира, нашата обврска е да пријавиме во МВР, а МВР треба да постапува. Иако, јас во соработка со мојот тим рековме дека ќе бидеме поагресивни тоа почесто да се случува за тој проблем да се репи и разреши, изјави Панде Богоевски, директор Анде Богоевски, директор на ЈП Комуналец, Битола.

Решение за оваа состојба на депонијата Мегленци е современа регионална депонија.