Самка Ибраимовски пријавен дека се заканувал на уставни судии, тој негира
Самка Ибраимовски им се заканувал по животот на уставните судии откако дозволија извршителите да продолжат да наплаќаат долгови. Заканите ги испраќал преку Фејсбук..
Ибраимовски веќе добил повик да оди во полиција. Негира дека написите против судијата Ана Павловска Данева се закани по нејзиниот живот.
Од Уставниот суд велат дека лично претседателот Дарко Костадиновски ги пријавил заканите, а како што информираат од прес службата, биле поврзани со конкретен предмет кој го работел Уставен. Павловска Данева вели нападите и заканите се притисок врз независноста и интегритетот на судот.
„Поранешен пратеник и претседател на помала политичка партија, незадоволен од Одлука донесена од Уставниот суд, преку социјалните мрежи во континуитет објавува закани и навреди кон судиите, при што го има наведен моето име, најавувајќи убиство и слични противзаконите дејствија“, вели Ана Павловска Данева, Уставен судија.
Во меѓувреме, Ибраимовски и денеска продолжи со критиките на Фејсбук против одлуката на Уставниот суд, а во неговите видеа и написи често го споменува името на Павлоска Данева
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар