Самитот на ЕУ на кој се очекува почеток на преговорите ќе биде видео конференција
Шефовите на држави и влади за прв пат немаат да отпатуваат во Брисел за редовен Европски Совет, соопштија претседателот Шарл Мишел.
Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, одлучено е самитот на 26 и 27 март да се одржи виртуелно, во вид на видеоконференција поради кризата со коронавирусот.
Откако се засили пандемијата на европскиот континент повеќето министерски средби во ЕУ се одржаа преку видео конференција исто така.
Освен здравствената криза и буџетските прашања, една од главните теми на овој самит ќе биде отворањето на преговори со Македонија и Албанија. Последните нацрт-заклучоци на амбасадорско ниво укажуваат на тоа дека и двете земји ќе добијат зелено светло.
Согласност даде и Холандија неодамна за Албанија, со што се деблокира прашањето на европско ниво. Но, се очекува Македонија да добие меѓувладина конференција пред Албанија, со што де факто би се нагласила разликата во подготвеноста на двете земји.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат