Колку сме подготвени за справување со пожарите
Последните пожари кај селата Оздолени-Сошани, во Општина Дебрца повторно го актуелизираа прашањето-дали и колку сме подготвени за справување со нив. Со зголемените температури во изминативе денови, се соочуваме со зачестени пожари.
Од Територијалната противпожарна единица од Охрид бараат под итно да се пронајдат сторителите на намерните потпалувања и согласно законот да се санкционираат . Посочуваат дека најчесто причина за пожарите е човечки фактор.
Од ЈП Национални шуми со апел да се зачуваат шумите од пожари.
Пролетта е период на подготовки за пролетна сеидба со разни култури на нивите и полињата, при што најчесто на неадекватен начин се чистат нивите и палат отпадоците и стрништа.
ЈП Национални шуми упатува апел до сите кои се движат и работат во шума, излетниците и сите посетители на шумата, да внимаваат кога работат со лесно запаллив материјал, бидејќи е доволна само мала искра за да се потпали сувата трева и друга нискостеблеста вегетација. посочуваат од ЈП Национални шуми.
И од Центарот за управување со кризи реагираат дека со зголемувањето на температурите изминативе неколку дена, забележано е и зголемување на бројот на повиците кон ТППЕ.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар