Саломе Зурабишвили ја презеде функцијата претседател на Грузија
Саломе Зурабишвили (66) положи заклетва со што и официјално ја презеде функцијата претседател на Грузија.
Церемонијата за преземање на функцијата шеф на државата, која беше емитувана директно на неколку телевизии во земјата, се одржа во кралскиот комплекс „Батонис“, поранешна резиденција на кралот Ираклиј Втори (1720-1798).
На церемонијата присуствуваа 1.800 домашни и странски гости, меѓу кои и делегации од 55 земји.
Церемонијата се одржа во присуство на властите на земјата, претставници на опозицијата и свештенството.
На 28 ноември во Грузија се одржа вториот круг од претседателските избори, во кој учествуваа независните кандидати Саломе Зурабишвили, поддржана од владејачката партија Грузиски сон и Григор Вашадзе, поддржан од главната опозициска партија Обединетото национално движење.
Саломе Зурабишвили освои 59,52 проценти од гласовите.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски