Балкан
7. August 2017 - 9:56

Сакал да ја одбрани ќерка си од бесни кучиња, па починал од каснување на вена

Кучиња од расата „азијат“ повредиле петмина минувачи во Бања Лука откако му побегнале на сопственикот Б.С, изјавиле од полицијата.
 
Според пишувањата на „Nezavisne novine“ едно личе починало откако било каснато за вена, додека ја бранело ќерка си. Нападот се случил вчеравечер околу 21:30 часот на улицата Жарко Згоњанин.
 
Повредените добиле медицинска помош, а кучињата со големи напори биле совладани и ставени под контрола. 
 
Против сопственикот ќе следат мерки пропишани со закон.